Одговорно кредитирање
Одговорно кредитирање
Пријави неправилности преку TrustLine
Го обезбедуваме надоброто кредитно решение за нашите корисници за тие да немаат големи потешкотии во враќање на кредитот.
Нашите кредити ги промовираме вистинито, без двосмисленост што може да ги збуни корисниците.
Поради ова, а во насока на разумно кредитирање и управување со Вашите лични финансии, Ви даваме неколку сугестии при земање кредит:
- Добро преиспитајте ја одлуката: Таа не треба да биде ни пребрза ни спонтана;
- Земете онолку колку Ви е потребно: Не паѓајте во искушение да ја земете максималната сума, доколку не Ви треба. Ова ќе Ви заштеди ризик од отплата на поголеми финансиски средства отколку што навистина можете;
- Уверете се дека ќе можете навремено да ги исплаќате кредитот без истиот да Ви претставува товар: Пред да го потпишете Договорот за кредит внимателно споредете го износот на месечните рати со Вашите месечни приходи и трошоци, за да избегнете потешкотии при враќањето на Вашиот кредит.
- Отплаќајте го кредитот редовно: Не само што на тој начин ќе си обезбедите спокој, туку и ќе изградите доверба помеѓу Вас и Bongo.mk. Сите што земале кредит во минатото имаат кредитна историја. Колку е таа подобра, толку е полесна и нашата одлука при секоја Ваша следна апликација за кредит!
- Секогаш споредувајте ист тип на кредит (кредит со еднократна отплата или со повеќекратни отплати), идентичен износ на ист рок на отплата: Споредете ја годишната каматна стапка и трошоците кои треба да ги платите во различни институции, со цел да утврдите кој кредит најмногу одговара на Вашите потреби.
________________________________________________________________________________________________
Предности на брзите кредити
Брзите кредити се флексибилно и адекватно решение на финансиските потреби на секој човек. Користени правилно, тие можат да станат постојан извор на средства за да се задоволат различните потреби и неочекуваните трошоци. Ваквите видови кредити може да помогнат во различни ситуации:
- Непредвидените трошоци се неизбежен дел од денешниот динамичен живот. Колку и внимателно да сте ги испланирале трошоците сепак излегува нешто што не сте го очекувале;
- Да останете без финансиски средства кога имате најголема потреба од нив може да биде стресно за Вас. Земањето заем од пријател во такви случаи не е секогаш добра идеја, бидејќи може да биде повод за расипување на односите;
- Кога не сакате да губите денови и седмици за да аплицирате во банка;
- Брзиот кредит е практично решение на итната потреба од пари. Станува збор за секунди или минути, исклучително кратки рокови за кои бараниот износ на пари Ви е на располагање;
- Кога немате итна потреба од пари, а едноставно имате планови и желби. Денешниот брз живот не чека никого, а можностите се многубројни и поминуваат бргу, па тие што не реагираат навремено ги пропуштаат;
- Никој од Вашите најблиски роднини и пријатели не мора да знае дека имате потреба од финансиски средства и дека сте позајмиле од некоја финансиска институција.
________________________________________________________________________________________________
Неколку предрасуди за брзите кредити
- Се смета дека брзите кредити имаат скриени трикови и трошоци. Всушност, сите услови и трошоци се наведени во договорот којшто корисникот го потпишува. Истите се точно прецизирани и во Тарифите. Аплицирајте кај нас и уверете се сами!
- Постои предрасуда дека само неодговорните луѓе посегнуваат по брз кредит. Всушност, брзите кредити се најудобната и соодветна варијанта за луѓе на кои им се потребни пари. Секој кредит има јасни услови и рокови. Прочитајте го внимателно договорот и ќе биде јасно кои се условите за истиот.
________________________________________________________________________________________________
Предности на Bongo.mk
- Едноставен и лесен начин на аплицирање: Можете да аплицирате за кредит онлајн, во секое време во ноќта или денот. Не мора да ја посетите филијалата или телефонски да разговарате со нашите вработени. По пополнување на апликацијата, ќе Ви биде испратена порака со одговор за кредит којшто може да го користите еднократно;
- Без дополнителни формалности (жиранти, обезбедување): За да користите кредит, потребно е да имате добра кредитна историја и документ за лична идентификација. Со исполнување на овие услови, се проверува Вашата кредитна способност и исплатата на парите се врши за многу кратко време на Вашата трансакциска сметка или во кеш во некоја од нашите филијали;
- Професионален пристап и услуга: Потребите на корисниците се наш фокус. Нашите вработени помагаат на најтранспарентен и најбрз начин да се избере кредитот кој најмногу одговара на потребите;
- Достапност: Нашата технологија за кредитна одлука е интелигентна, процесот е многу брз, а достапноста за финансии е овозможена за голем круг на корисници, меѓу кои и лица со пониски примања, но и лица без примања;
- Брз банкарски трансфер или средства во готово во филијалите на Bongo.mk: Кредитот може да Ви биде исплатен на Вашата банкарска сметка или во готово;
TrustLine
Обрнуваме особено внимание и грижа за интегритетот, усогласеност со прописите и етичките норми и веруваме дека градењето на култура на доверба значи отворена можност да пријавиме недоследности или неправилности во било која ситуација.
TrustLine е систем за дојавување на неправилности на Eleving Group, матична компанија на Bongo.mk, каде што вработените во Bongo.mk и други засегнати страни, можат безбедно и анонимно да пријават било какво сомневање или искуство за чин на непрофесионално однесување. TrustLine е создаден и функционира на начин кој обезбедува комплетност, веродостојност и доверливост на информациите и оневозможува пристап до истите од страна на неовластени лица.
Кога да пријавите непрофесионално однесување преку TrustLine
Ве охрабруваме да пријавите какво било непрофесионално однесување кога ќе забележите:
- Повреда на деловната етика и деловните стандарди од страна на Bongo.mk или пак, трети лица кои го застапуваат Bongo.mk;
- Прекршување на политиките на Bongo.mk и вредностите на компанијата кои се поврзани со менаџмент практиките и деловното однесување;
- Ситуации поврзани со нерегуларности во сметководственото работење, внатрешни контроли, ревизија и финансиско известување; или намерни дејствија со цел неовластено да се остварат придобивки, како што се пари, имот или услуги;
- Сомневање за вмешаноста на Bongo.mk во злоупотреба или прекршување на човековите права, како и деловни и други начини на однесување кое го прекршува почитувањето на човековите права;
- Значајни прекршувања поврзани со антимонополски закони или правично тргување, шпионажа или саботажа и прекршување на безбедноста на информациите.
Не мора да ги имате сите детали или да бидете сигурни дека нешто не е во ред за да предизвикате и покренете загриженост. Ние ќе ги третираме вашите дојави сериозно, правично и навремено и ќе преземеме акција доколку нешто треба да се поправи. На Ваша волја, извештајот може да биде целосно анонимен.
Ве молиме имајте предвид дека TrustLine не е наменет за поплаки од страна на клиентите. Во такви ситуации, Ве молиме користете ги каналите за грижа за клиентско искуство.
Анонимност и Aнти-одмазда
Eleving Group не толерира дискриминација или одмазда кон лица кои со добра волја поднесуваат дојава или се дел од процес на докажување. Затоа, користиме ефективни, доверливи и безбедни канали за известување и со тоа осигуруваме ефективна заштита од одмазда за укажувачите. Ако мислите дека сте биле цел на одмазда поради дојавата или учеството во докажувањето, веднаш треба да нè известите преку TrustLine. Сите такви известувања ќе бидат истражени темелни и доверливо.
За повеќе информации, погледнете ја политиката за укажување на Eleving Group.
Пријави неправилности тука!