За нас
Кои сме ние?
Бонго е нов бренд на Македонскиот пазар на брзи кредити, современа компанија со исклучително високи професионални стандарди, која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. Нашето долгогодишно искуство на различни светски пазари ни овозможува да Ви дадеме одговор на Вашата апликација за кредит за само неколку секунди. Ние веруваме дека секој треба да има пристап до пари кога му се најпотребни!
Наши вредности се:
- Целосна посветеност на нашите клиенти
- Флексибилност и индивидуален пристап
- Транспарентност во работењето
- Взаемна доверба со нашите клиенти
- Високи етички и морални вредности
Што нудиме?
Нудиме брзи кредити од 500 до 100.000 денари, со рок на отплата од 7,14 и 30 дена. При аплицирањето, добивате инстантен одговор за својот кредит, односно максималниот износ кој Ви е одобрен и може да го подигнете.
Лесно, едноставно и според Вашите потреби
Ние одговараме на Вашите потреби и желби и тогаш кога сте со ограничен пристап до пари. Нашите производи ги добивате на едноставен и удобен начин, со максимална транспарентност на условите и ниски вкупни трошоци.
Најбрз одговор и лесни критериуми за одобрување
Единствени сме на пазарот со најбрз систем за проценување на кредитна способност. Нашиот автоматизиран и интелигентен систем овозможува да обработиме голем број апликации во многу кус рок и веднаш да ја оцениме Вашата кредитна способност. Како резултат на тоа, ние одговараме за само 30 секунди и притоа со висока стапка на одобрени кредити.
Вие сте нашиот приоритет
Корисниците се нашиот главен фокус, ефикасноста наш метод на работа, а градењето доверба на долг рок е наш мотив. Нашите љубезни вработени кои можете да ги контактирате на 13 344, ќе Ви помогнат да изберете соодветен кредит за Вашите потреби и сето тоа брзо, лесно и транспарентно.