Клиентска поддршка
Работно време
8:00-19:00 Понеделник - Петок; 09:00-17:00 Сабота

Прашања и одговори

Основни информации

  • Што е Бонго?

    БОНГО е нов бренд на македонскиот пазар кој нуди краткорочни брзи кредити на физички лица. 

     

    Првиот кредит со еднократна отплата до 30 дена е бесплатен!  Колку ќе земете - толку ќе вратите!

    • Исплата во кеш во филијала 
    • Исплата на сметка
  • Зошто Бонго?

    Во Бонго, Вашиот прв кредит со рок на отплата до 30 дена е бесплатен!
    Исплатата во готовина e достапна во нашите филијали!
    Брз одговор на вашата апликација, за само 30 секунди!
    Посветен центар за грижа на корисници!
    Можност за одобрување повисок износ за секој нареден кредит!

  • Каде се наоѓате?

    Секаде каде што нашите клиенти имаат потреба од нашите услуги:

     

Видови кредити и трошоци

Аплицирање за кредит

  • Како да ја пополнам апликацијата на веб-страната?

    Чекор 1

    - Изберете износ на кредитот на веб-страната;

    - Име и презиме;

    - Внесете Ваш телефонски број;

    - Внесете ЕМБГ (единствен матичен број).

    - Потоа, означете го празното поле за потврда дека се согласувате да ги обработиме Вашите податоци.

     

    Чекор 2

    - Внесете ги следниве податоци:

    - E-mail адреса;

    - Адреса на живеење;

    - Одберете го начинот на исплата на кредитот.

     

    Чекор 3

    - Потврдете го посакуваниот износ од Вашиот кредит;

    - Потпишете го договорот за кредит со внесување на кодот добиен по СМС на Вашиот мобилен телефон!

  • За колку време ќе ми одговорите?

    Нашиот систем за оценување на кредитната способност е автоматизиран. Тоа овозможува да Ви одговориме за само 30 секунди од моментот на добивање на апликацијата.

  • Како ќе знам дали ми е одобрен кредитот?

    За 30 секунди по поднесување на апликацијата за интернет кредит, Вие ќе добиете СМС-порака во која Ве известуваме дали кредитот Ви е одобрен.

    Доколку аплицирате во филијала, одговор добивате веднаш, на самото место. 

  • За колку време кредитот ќе биде исплатен на мојата трансакциска сметка?

    При итно процесирање на апликацијата, исплатата ја вршиме секој час, а најдоцна до 18 часот, од понеделник до петок, доколку Вашата сметка се наоѓа во една од следниве банки:

     

    - Комерцијална банка А.Д.- Скопје,

    - Халк Банка АД Скопје,

    - УНИ Банка,

    - Шпаркасе Банка.

     

    *Доколку Вашата сметка не е во една од банките наведени погоре, исплата се врши еднаш дневно (најдоцна до 18 часот).

    **При одложено процесирање на апликацијата, исплатата се врши по истекот на 14 дена, односно по процесирање на истата.

  • За колку време кредитот ќе биде исплатен доколку изберам кеш?

    Исплатата ја вршиме веднаш во филијалите, штом апликацијата се испроцесира.

  • Дали можам да аплицирам за кредит, доколку веќе имам кредит/долг во друга компанија?

    Да. Доколку редовно го отплаќате Вашиот кредит во другите компании, нема да претставува проблем одобрувањето и исплаќањето на кредитот за кој аплицирате. За да ја провериме Вашата кредитна способност, поднесете апликација на овој линк.

  • Kога можам да аплицирам за следен кредит?

    Веднаш штом го отплатите тековниот кредит!

  • Кога можам да поднесам нова апликација за кредит, ако претходната ми е одбиена?

    По истекот на 30 дена откако Ви е одбиена апликацијата, може да аплицирате повторно.

  • Можам ли да користам повеќе кредити во исто време?

    Нe. Имајќи предвид дека ги поттикнуваме нашите клиенти да бидат одговорни, ние нудиме користење на само еден кредит во одреден временски период. Секако, по целосна отплата на првиот, веднаш можете да аплицирате за нов кредит.

  • Зошто ми е одбиена апликацијата за кредит?

    Вашата апликација може да биде одбиена доколку:

    • Имате тековен доспеан долг кон друга финансиска институција
    • Сте доцнеле во минатото во Бонго или друга финансиска институција по финансиски обврски (кредити, кредитни картички, трансакциски сметки или комуналии)
    • Не го исполнувате предусловот и имате помалку од 18 години.

    Одбивањето на апликацијата е согласно со моменталните критериуми на Бонго. Сепак, тоа не значи дека не може во иднина да Ве кредитираме. Можете да аплицирате за 30 дена со поднесување на нова апликација.

  • Дали е потребен залог или гаранција за добивање на кредит?

    Нe. Бонго не бара ниту залог, ниту гаранција, ниту жиранти.

  • Како знам дека е сигурно?

    Работењето на Финансиско друштво ФД ФИНМАК ДОО Скопје е регулирано согласно „Законот за финансиските друштва“ и е одобрено од страна на Министерството за финансии со Решение бр.13-6093/4.

  • Дали моите лични податоци се заштитени и безбедни?

    Целосно!

    Финансиско друштво ФД ФИНМАК ДОО е регистрирано како Контролор на лични податоци од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци во Република Македонија под број 2177. Сите податоци се заштитени и се обработуваат согласно строгите одредби на Законот за заштита на личните податоци, користејќи ја најновата технологија за чување и обработка на податоци.

Договор за кредит

  • Што е договор за кредит?

    Со овој договор за кредит Бонго Ви одобрува максимален износ на пари кои можете да ги искористите.

  • Како да го потпишам договорот за кредит?

    Онлајн! Ние Ви овозможуваме да го прегледате договорот за кредит на Вашиот кориснички профил и истиот да го потпишете со внесување на СМС-кодот кој го добивате во порака на Вашиот мобилен телефон. Начинот на потпишување на договорот е согласно постоечката законска регулатива во Република Северна Македонија. Доколку имате проблем, контактирајте нè на телефон 13 344.

  • Дали морам да го повлечам максимално одобрениот износ?

    Не мора. Вие можете да подигнете онолку пари колку што Ви се потребни во тој момент.

     

    Пример:

    Aплицирате за износ:  10.000 ден.   

    Ви одобруваме:            15.000 ден.

    Подигате:                      10.000 ден.

Отплата на кредити

  • Дали е дозволено продолжување на рокот за отплата на кредит?

    Да. Со уплата на провизија за продолжување на рокот за отплата на кредитот, Вие може да ја одложите отплатата на кредитот за 7, 14 или 30 дена. За дополнителни информации поврзани со услугата јавете се на 13 344. Продолжувањето може да го активирате со уплата на провизија за продолжување на рокот за отплата во кеш во некоја од нашите филијали.

     

    Трошоци за продолжување на рокот за отплата на кредитот со еднократна отплата се:

    7 дена – 12%

    14 дена – 14%

    30 дена – 16%

    * Провизијата се пресметува од преостанатиот дел од главницата                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  Во Во рамките на периодот за кој сте уплатиле продолжување, немате никакви дополнителни трошоци за кредитот.

  • Како да го вратам кредитот?

    Во некоја од нашите филијали може да го отплатите Вашиот кредит во кеш брзо и едноставно!

     

    Во која било банка на една од сметките:

     

    Комерцијална банка: 300000004979725

     Шпаркасе банка Скопје: 250010102485994

    Халк банка АД Скопје: 270072297120273

    Уни Банка Ад Скопје: 240000118376598
    Стопанска Банка Ад Скопје: 200003324420755
    НЛБ Банка Ад Скопје: 210072297120169

  • Кога треба да го вратам кредитот?

    Кредитот треба да го отплатите во согласнот со планот за отплата, а најдоцна на денот на доспевање предвиден во Договорот за кредитен лимит.

    Опциите што Ви ги нудиме за отплата на кредитот се отплата за 7, 14 или 30 дена. 

    Напомена: Доколку веќе сте корисник на одобрен кредит, информациите поврзани со рокот на отплата можете да ги пронајдете во Вашиот договор.

  • Колку ќе должам на крајниoт рок за отплата на кредитот?

    На денот на доспевањето на кредитот, Вие сте должни да го вратите целосниот износ на кредитот којшто е составен од главница и провизија.

     

    За Вашето конкретно барање за износ и рок за отплата, Ве молиме користете го калкулаторот на овој линк.

  • Дали ќе ми пристигне известување дека ми е отплатен кредитот?

    Да, преку смс порака или е-маил ние ќе Ве известиме дека Вие немате повеќе долгови кон Бонго и можете да аплицирате за следен кредит.

Технички прашања

  • Како да креирам кориснички профил?

    На почетната страна изберете го посакуваниот износ на кредит, како и рокот за отплата на истиот и кликнете на копчето “Аплицирајте”. Кликот ќе Ве однесе на страната за поднесување на апликација за кредит, каде што треба да ги пополните дадените полиња.
    Со поднесување на првата апликација, автоматски се креира и Вашиот профил.

  • Како да се логирам на мојот кориснички профил?

    Ако сте веќе постоечки клиент и имате регистиран кориснички профил на нашата веб страна, кликнете на копчето “Најавете се“ во горниот десен агол на почетната страна. По кликањето, потребно е само да внесете Ваш телефонски број и лозинка.

  • Што доколку ја заборавам лозинката на корисничкиот профил?

    Доколку сте ја заборавиле лозинката за пристап до Вашиот профил, Ве молиме кликнете на копчето “Најавeте се” во горниот десен агол  Мој профил | ФИНМАК ДОО (bongo.mk). Потоа, кликнете најдолу на линкот "Заборавена лозинка". Потребно е да селектирате  телефонски број и да го внесете. По внесувањето, кликнете “обнови лозинка”. Ќе добиете смс порака со код (четирицифрен број) за промена на Вашата лозинка кој треба да го внесете. Откако ќе го внесете кодот, веднаш системски ќе ви биде испратен линк на Вашата e-меил адреса. Кликнете го линкот и системот веднаш ќе Ви понуди да креирате Ваша нова лозинка. Новата лозинка ќе треба да содржи 6 или повеќе карактери (со најмалку една буква и еден број). Откако ќе креирате нова лозинка директно ќе бидете префрлени до полето “Најавете се” за да пристапите на Вашиот постоечки профил.

  • Колкави се трошоците за кредит?

    За трошоците за кредит со еднократна отплата може да се информирате во Бонго Тарифи или да не контактирате на тел.13 344.

     

    Не заборавајте! Кај нас првиот кредит е бесплатен!

  • Колку ќе должам на крајниoт рок за отплата на кредитот?

    На денот на доспевањето на кредитот, Вие сте должни да го вратите целосниот износ на кредитот којшто е составен од главница, провизија и камата.

     

    За Вашето конкретно барање за износ и рок за отплата, Ве молиме користете го калкулаторот на овој линк.

  • За колку време ќе ми одговорите?

    Нашиот систем за оценување на кредитната способност е автоматизиран. Тоа овозможува да Ви одговориме за само 30 секунди од моментот на добивање на апликацијата.

  • Дали можам да аплицирам за кредит, доколку веќе имам кредит/долг во друга компанија?

    Да. Доколку редовно го отплаќате Вашиот кредит во другите компании, нема да претставува проблем одобрувањето и исплаќањето на кредитот за кој аплицирате. За да ја провериме Вашата кредитна способност, поднесете апликација на овој линк.

  • Kога можам да аплицирам за следен кредит?

    Вие можете да аплицирате за нов кредит во Бонго веднаш по исплата на Вашиот тековен кредит. Може да аплицирате со логирање на Вашиот кориснички профил (Најавете се), да не побарате на 13 344 или пак во една од нашите Бонго филијали.