Клиентска поддршка
Работно време
8:00-19:00 Понеделник - Петок; 09:00-17:00 Сабота

pep-consent-popup-slug

                                                                  ИЗЈАВА

                                                 за носител на јавна функција

 


Со потпишување / прифаќање на оваа Изјава  под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека:

 


𝥷 НЕ СУМ НОСИТЕЛ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА согласно одредбите на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија

 


𝥷 СУМ НОСИТЕЛ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА, согласно одредбите на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија. (доколку субјектот е носител на Јавна функција се преземаат засилени мерки на анализа, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, и поради тоа апликацијата за кредит мора да се поднесе лично во една од филијалите на Бонго.)

 


Запознаен/а сум дека за потребите на оваа Изјава, а во согласност со член 2 точка 22 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам („Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19 и 317/20) изразот „Носители на јавни функции” го има следното значење:

„Носители на јавни функции” се физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Македонија или во друга држава, како:

а) претседатели на држави и влади, министри и заменици или помошници министри;

б) избрани претставници во законодавната власт;

в) судии на врховни или уставни судови или други носители на високи правосудни функции против

чија одлука, освен во исклучителни случаи, не може да се користат правни лекови;

г) членови на органи на управување на супервизорски и регулаторни тела и агенции, државна ревизорска институција и членови на одбор на централна банка;

д) амбасадори;

ѓ) офицери од висок ранг во вооружените сили (чинови повисоки од полковник);

е) избрани и именувани лица согласно со закон и членовите на органите на управување и надзор на правни лица основани од државата

ж) лица со функции во политички партии (членови на извршните органи на политичките партии);

з) лица на кои им е или им била доверена истакната функција во меѓународна организација, како директори, заменици директори, членови на управни и надзорни одбори или други еквивалентни функции и

ѕ) градоначалници и претседатели на совети на општини.

 


За носители на јавна функција од точка а) до ѕ) се сметаат лицата најмалку две години по престанокот на извршување на јавната функција, а врз основа на претходно спроведена проценка на ризик од страна на субјектите.

Поимот „носители на јавни функции“ вклучува и:

1) членови на семејството на носителот на јавна функција и тоа:

- брачен другар или лице со кое носителот на јавна функција е во вонбрачна заедница,

- деца и нивни брачни другари или лица со кои децата на носителот на јавна функција се во вонбрачна заедница или

- родители на носителот на јавна функција.

2) лице кое се смета за близок соработник на носителот на јавна функција е физичко лице:

- за кое е познато дека има заедничка правна или вистинска сопственост врз правно лице, има склучено договори или воспоставено други блиски деловни врски со носителот на јавна функција или

- кое е единствен вистински сопственик на правно лице или правен аранжман за кое е познато дека се основани во корист на носителот на јавна функција.

Назад